30 ГОДИНИ ЗАЕДНО СО ВАС

Брест Хем ДООЕЛ е компанија која е специјализирана за увоз и извоз, откуп и продажба на производи за земјоделска употреба.

Земјоделска аптека

Нашата аптека е обезбедена со богат избор на препарати и со стручна помош им помагаме на клиентите да го направат вистинскиот избор.

Нашите производи вклучуваат:

Вештачки ѓубрива, Кристални ѓубрива, Биостимулатори, Течна прихрана, Препарати за заштита, Репроматеријали за земјоделие.

Откуп на земјоделски производи:

Пиперка, Кромид, Зелка, Бостан, Јаболка, Праски.

Откуп на житни култури:​

Пченица, Јачмен, Пченка, Сончоглед.

Системи за наводнување

Системот за наводнување ,,капка по капка’’ е најнапредната технологија во наводнувањето. Системот е релативно ефтин и лесно се поставува. Погоден е за фертиригација, овозможува примена на хемикалии заедно со водата, а така има предност и од економска и од еколошка гледна точка. Со овај систем се зголемува квалитетот на производот, се намалува потрошувачката на вода и се гарантира константен квалитет.

Брест Хем, земјоделските производи во зависност од купувачот ги селектира, доработува и ги пакува. Готовите производи се чуваат во ладилник, за да останат свежи. Пакувањето може да биде во вреќи, кошови или гајби.

Професионално вадење на семена ложа на пипер

Фотоволтаичен покрив